Што си размислува и му иде на ум на Министерот Венко Филипче, кога е сам, кога после работа ќе се прибере дома, што да каснам, денес убаво помина денот, денес дадов само 1000 ветувања извадив гола кожа, знам јас знаат они дека од тоа ништо нема, за утре ќе видиме ако треба и ќе матиме!!!
Очигледно дека некаде тука се размислувањата на министерот кога самиот ќе се труди и ќе најавува спектакуларен проект за нов клинички, овој не треба, ќе правиме подобар, поефикасен и што уште не, за на крај изминатава недела граѓаните на Р. Македонија да слушнат во медиумите информација дека на клиничкиот центар не му треба подобрување, односно на граѓаните и не им треба толку клинички центар, можат тие. Нов клинички нема да има!
Проктот кој се прави за да биде готов за клиничкиот треба да се работи во текот на 1,5 година, веднаш по тоа следи делот со реализација за што ќе се одземе 5-6 години и после тоа ќе имама фантастичен клинички центар, вака НЕ!
Само малите деца и Филипче си прават бајрам на паметот дека уште најмалку 10 години ќе бидат на власт, па има простор за рееализација на проектот. Како да не се свесни со сите хаосни ситуации во кои го доведоа здравството, венко филипче и неговите пулени, советници, подржувачи дека од ова неможе да се извадат и дека сета калкулација сега е бајрам на мозокот. Да треба народот сега да одлучи веќе ќе се во минус со денови на министерување, ќе треба да враќаат!
Граѓаните во анкета си кажуваат дали е потребен или не нов клинички центар, што треба да се среди и гледаат колку можат да помогнат со предлози и сугестии. Во разговор со нив дознаваме дека самите тие се свесни дека и министерот ги има напуштено сите пациенти, не да не ги мисли, него воопшто не ги есапи.
Погледнете ја анкетата, напишете коментар, потсетете го министерот дека не сме заборавиле на сите дадени ветувања и дека поради манипулацијата со народот, ОСТАВКА е тоа што бараме, министерот ни е неспособен!