Ако често имате болки во желудникот, можете да се ослободите од нив на природен начин и тоа со вкусна мачканица.
- 200 грама омекнат путер
- лажиче ајдучка трева
- лажиче кантарионово масло
- голема лажица невенов цвет
Ставете ги сите состојки, освен путерот, во блендер и изблендајте ги. Потоа измешајте го добиениот прав со омекнатиот путер. Јадете од оваа мачканица половина час пред оброкот.
Оваа мачканица е совршена за болниот желудник, бидејќи билките делуваат како природни аналгетици за смирување. Путерот создава заштитен слој околу желудникот и така ги спречува болките.