Поради изведување градежни активности за обнова на постоечките простории, амбулантите и шалтерот на ЈЗУ УК за хематологија времено ќе бидат преместени.
Од 1 август 2018 натаму амбулантите и шалтерот на Клиниката за хематологија ќе работат во амбулантскиот дел на Клиниката за дерматологија во рамките на Интерната зграда, поточно на поранешниот „Машки оддел“.
Сите контакти, телефонски броеви и електронски адреси остануваат непроменети. По завршувањето на градежните работи, пациентите навремено ќе бидат известени за повторното ставање во употреба на постојните просторни капацитети, информираат од ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија