Поради грижата во нашата редакција за се поголемиот број на пушачи во светот, а со тоа и кај нас во Македонија, ние пронајдовме лек со кои ќе ви помогнеме да се откажете од цигарите доколку ви е доста, доколку сте разбрале колку се штетни за вас и тие околу вас и доколку сакате да си го подобрите начинот на функионирање и животот. Лекот е едноставен и треба да го пробате.

Хемискиот состав на цигарите е навистина сложен, бидејќи во него има над 1400 различни супстанци.

Меѓу нив најотровни се никотинот и катранот.

Просечниот животен век на страствените пушачи е пократок за десетина години од непушачите. Секоја испушена цигара го скратува животот за околу 14 минути, а на лицата кои се во близина на лица кои пушат цигари им го скратува животот за 5 минути. Пушачите страдаат и од болести на срцето и крвните садови, како и мозочни удари.

Ако сте пушач, веројатно сте се обиделе неколку пати да престанете да пушите. Овој пат тоа нека ви биде успешен обид. Ви претставуваме фантастичен рецепт, а потребно ви е:

-грејпфрут

-портокал

-2 децилитри чај од камилица

-30 грама масло од јојоба

-30 грама кокосово масло

-5 грама оригано

Подготовка:

Исцедете го грепот и портокалот. Во сад измешајте ги сите состојки додека не добиете хомогена смеса. Потоа ставете ја смесата во сад кој ќе можете да го носите со себе. Нанесете ја мешавината под нос, само ставете неколку капки на вата и вдишувајте секогаш кога ќе добиете потреба за цигара.