Светската здравствена организација (СЗО), предупредува дека во јуни, за прв пат во историјата, истовремено во светот се ширеа дури шест смртоносни вируси.
Катастрофалната епидемија на ебола уби 11.300 луѓе, а потрошени се неколку милијарди долари за да се спречи нејзиното ширење. СЗО поставува нови темели за идни превенции, со цел спречување на ширењето на епидемијата, за вакви слични ситуации повеќе да не се повторуваат.
СЗО објави листа од шест најопасни вируси кои би можеле да го загрозат светот, а во кои влегуваат: Ебола, МЕРС, Зик, вирус Нипах, грозница Ласа и грозница Рифт Вели.
Од набројаните шест болести и патогени, оваа година веќе умреа 190 луѓе, а спречувањето на епидемиите чинеше неколку милиони долари.
Но, проблемот не е решен и голема е веројатноста повторно да се појават и да заразат уште повеќе луѓе. Се предвидува дека би можеле да убијат илјадници луѓе и да предизвикаат погубни последици, а речиси и да не се знае дека сите овие болести беа активни во текот на минатиот месец.
Докторот Мајк Рајан од СЗО, вели дека ваква активност на сите овие смртоносни болести се нема случено во последните 25 години. Светот обично дознава за четири или пет различни епидемии годишно, но тие најчесто не се случуваат во исто време.
И додека оваа година епидемиите успеаја да бидат задржани под контрола, експертите се загрижени поради се помалите вложувања во истражувањата и развојот, кои се најважен фактор во намалување на ризиците од ширење на епидемиите.