Научно докажано е дека доколку одмориме попладне, стануваме попродуктивни и добиваме поголема концентрација. Некои научници сметаат дека во текот на попладневните дремки се обновува и имунолошкиот систем.
Идеално време за попладневен сон е околу 90 минути. Толку време е потребно за да се поминат сите фази на сонот и да се одморите. За да не се чувствувате уморни после дремката, испланирајте неколку активности кои ќе ги започнете веднаш по будењето.
Добро би било дремката да ја воведете како еден вид рутина и да дремнувате секој ден во исто време. На тој начин, организмот ќе се навикне и ќе бидете помалку дезориентирани по будењето.
Многу е важно тој попладневен одмор кој му е потребен на вашиот организам да биде квалитетен. Затоа обидете се да се чувствувате пријатно, удобно и никој да не ви пречи и да ве буди.
Еден месец обрнете внимание како вашиот организам ќе реагира на попладневниот одмор и прилагодете го на вашите потреби. Ќе видите дека ќе бидете значително порасположени и поефикасни.