Бананите даваат енергија – богати се со здрави јаглени хидрати и се здрав извор на енергија при бавење со било која физичка активност. Содржат калиум, со што ја зголемуваат циркулацијата и овозможуваат подобар доток на кислород во мозокот, а со тоа и подобрување на функциите на мозокот. Го одржуваат здрав системот за варење.
Изобилуваат со витамин Б, особено Б6, со што ги намалуваат симптомите на ПМС. Содржат триптофан – состојка која мозокот ја претвора во серотонин – што значи зголемена среќа, радост и задоволство.
Богати се со железо, со што ја зголемуваат продукцијата на хемоглобин и се борат против анемијата.