– Очекуваме од Министерството за здравство да ни ги даде јавните ингеренции, каков што е примерот со земјите во регионот и во Европа, каде ваквите комори имаат јавни ингеренции за водење регистар на здравствени работници и за издавање лиценца за вршење на дејноста, изјави Котевска.
Посочи дека ќе го поттикнуваат развојот на струката, усвојувањето знаење преку задолжителна едукација, за да можат членовите на Комората да ги спроведуваат услугите и задачите според најдобрите стандарди.
– Комората ќе има активности за подобрување на статусот на сите здравствени работници во рамки на институциите каде работат во системот на здравствена заштита. Така ќе се залагаме за препознатливост и подобра перцепција на професиите на здравствените работници, додаде Котевска.
Виолета Котевска е избрана за претседател на Комората на здравствени работници на Република Македонија на денеска одржаното редовното годишно Собрание на Комората.