Само во период од 1 до 7 Април, во државава се регистрирани 283 заболени од грип, што е за 40,8 отсто помалку споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 478 заболени. Не се регистрирани смртни случаи асоцирани со грип, стои во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен на неговата официјална интернет страница.

Поради тоа и министерот Филипче спие помирно, помалку има заболени од претходната недела, Зар не? Тоа што бројката е огромна, не е причина за реакција, не се тоа морбили, тие се прогласуват за епидемија по друг аршин, ова вака може да тера, а патем и министерот Филипче сега во моментот е интензивно активен во кампањата на Стево Пендаровски, сето ова може да почека што се преку 20 илјади заболени граѓани во државата.

Оваа недела пријавени се заболени лица од 21 извештајни единици. Најголем број заболени лица се пријавени од Подрачната единица Гостивар (58) каде е регистрирана и највисока инциденца од 48,4 на 100.000 жители.

Во сезоната 2018/2019 вкупниот број заболени од грип изнесува 20.940.