На денешната 89. седница, Владата го задолжила Министерството за труд и социјална политика да почне подготовки за покачување од 5% почнувајќи од октомвриската плата на повеќе од 4.200 вработени во детските градинки.
Како што соопштија од Владата, донесена е и одлука за продолжување со изградбата и опремувањето на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на средни и основни училишта.
Била разгледувана и информација за јавно-приватно партнерство за платформа за хеликоптерска Брза помош како и за потрага и спасување со хеликоптери. Владата го задолжила министерството за здравство да изработи студија за оправданост.
Сосема случајно се сите овие придобивки во најава за граѓаните на Македонија пред референдумот, нели?