Ако е Македонија екслузивно грчка, тогаш зошто во Грција нема ниту една народна песна за Македонија, од кој и да било период на историјата, ниту пак каков и да било фолклор кој Грците би ги поврзал за оваа територија, многу прецизно воочува претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI – Macedonian Human Rights Movement International), Бил Николов.
За разлика од Грција, во Македонија има безброј народни песни, во кои се опеваат и Вардарска и Пиринска Македонија како и трагичната поделба на Македонија во 1913 година, но се пее и за далечното македонско минато.
„Меѓу најпознатите песни од овој тип е „Вардаре, Пирин кај ти е, Егеј кај ти е“, пишува Николов, кој важи за еден од најактивните активисти за македонското прашање во дијаспората.