Агенцијата за храна и ветеринарство досега нема добиено нотификација за небезбедна пратка сурими ракчиња по потекло од Јапонија. Како одговорна институција за безбедноста на храната ги информираме потрошувачите дека според Системот за евиденција на влез и транзит на пратки од животинско потекло на Агенцијата за храна и ветеринарство, увоз на ваков вид производ од Јапонија не е извршен.
Оттаму, невистинити се објавите по социјалните мрежи дека во земјава се увезени вакви небезбедни производи за кои и од објавените фотографии на декларацијата се гледа дека се со потекло од Кина, а не од Јапонија. Официјално го посочија од АХВ
Од друга страна по социјалните мрежи како и по медиумите проструи информација дека постојат сомневања од граѓани кои виделе дека во поголемиот дел од супермаркетите се продаваат оваа марка на сурими ракчиња. Откако се запрашале што и како се местата од каде овие морски плодови доаѓаат, како и од каде потекнуваат тие пољубопитните успеале на интернет да дојдат до информации што значи FAO 61, како и каде се наоѓа, но освен тоа и зошто оваа област би била штетна самата по себе за живиот свет и зошто е означена како радиоактивна зона.
Од поупатените, по интернет пребарувања, станува збор за област во близина на Јапонскиот брег каде се одлиле поголемиот дел од радиоактивен матријал при несреќата во нуклеарниот реактор Фукошима. Освен областа FAO 61, тука се и FAO 71, 77, 87, 67. Сите овие области се во непосредна близина или на место каде поминуваат морските струи со радиокативниот матријал.
Со текот на времето изотопите кои се слеале во водата го губат дејството и силата, освен цезиумот 131 и 137 на кој половина од дејството му поминува за 8, односно 30-ет години. Ако тоа како изотоп толку се задржува на пола работен век ние граѓаните сме загрижени дали и ако се увезени такви ракчиња во Македонија како и колкав ризик постои? Што ќе превземат институциите по ова прашање и дали постои и најмала можност ако е радиоактивна храната да има последици по граѓаните кои ја конзумирале.
Од АХВ посочуваат рибите и производите од риба и морските плодови кои се увезуваат во Република Македонија се безбедни. Тие се увезуваат од земји, региони и објекти кои се одобрени за увоз и задолжително се пропратени со ветеринарно – здравствен сертификат со кој врз основа на извршени лабораториски анализи се гарантира безбедноста, вклучително и извршено лабораториско испитување за радиоактивност.
По нуклеарната несреќа во Фукушима, Јапонија, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе Решение за задолжително лабораториско испитување на радионуклиди во пратки со храна за исхрана на луѓе и пратки со храна за исхрана на животни кои потекнуваат или се испорачани од Јапонија, а кои се наменети за увоз во Република Македонија (Службен весник на РМ со бр. 219/16 и 53/18). Согласно ова решение, овој вид на пратки задолжително се испитуваат на радионуклиди пред и по увозот во Република Македонија. Пратките не се пуштаат во промет се додека не се добие резултат од анализите со кои се потврдува безбедноста. Ни кажаа преку соопштение од Агенцијата за храна и ветринарство.