По социјалните мрежи се повторува истата приказна како пред некој ден, граѓанин, жител на главниот град, пазарувајќи низ супермаркетите, а по објавување на нашата сторија за радиоактивната храна почнал да се интересира за што е тоа што пазарат македонските граѓани, што е тоа што јадат по дома. Иако можеби на просечен граѓанин не би му ни текнало да го проверува составот, земјата на потеклото и другите податоци за храната што ја купува, тоа не било така и во овој случај.
Нашиот добар Самаријан се заинтересирал кои други производи се со сомнително или место на потекло кое е недоволно добро за македонските граѓани. При тоа наишол на смрзнато пакување на лосос котлети кои се исто така дел од производствената линија или линијата на пакување на компанијата инволвирана во сторијата за радиоактивните сурими ракчињата претходно објавена на здравство.мк. И веднаш после тоа ни испрати слики и ја контактираше редакцијата. Информациите кои ги посочи, откако ги проверивме се испостави дека се точни. Со тоа што тука е различен делот каде се уловени лосос рибите, тоа се случило во областа обележана со меѓународниот код за риболовни области како ФАО 67.
Но, тоа не е за никаква утеха бидејќи и оваа област се наоѓа во опасната зона опфатена со радијацијата од Фукошима, каде што се посочува дека има поголема концентрација на радиоактивни изотопи. За кои знаеме или подобро упатените посочуваат дека не исчезнуваат и не ги снемува туку така. Напротив влијаат многу штетно на човечкиот организам и во одредени ситуации ако се конзумира извесна количина на храна изложена на радиоактивни изотопи кои ги има во водата каде престојуваат рибите, може да го ослаби човечкиот организам а во одредени ситуации и изложувања да доведе и до смрт.
Нашата редакција повторно испрати допис до Агенцијата за храна и Ветринарство во Македонија, која е најкомпететна да одговори на ова прашање да се негират или потврдат посочените информации, да се провери и оваа пратка, како и посочената храна. Претходно за случајот со сурими ракчињата АХВ посочи дека нема сознанија дека постои или има било каков дозволен увоз на неквалитетна храна во Македонија, дека според информациите кои ги има АХВ сето тоа се проверува, испитува и ништо не смее да влезе во Македонија доколку не ги задоволува пропишаните критериуми во согласност со правилникот според кој се води Агенцијата.
Според податоците од подобро упатените во оваа проблематика, ова се главните зони на лов низ целиот свет, сите носат преставка ФАО, и се области во кои се лови и е дозволен ловот на риби, со исклучок на 5-те проблематични места во моментот, а тоа се областите ФАО 61, 67, 71, 77 како и 87. Информации има како и во кој дел сеуште се движат радиоактивните матријали излеани од Фукошима, нуклеарниот реактор и на кој начин тие се движат во зависност од струите во океанот. Проследете ги областите и сликовен приказ на движење на радијацијата низ океанот и кои области при тоа се најмногу зафатени, една од тие е и ФАО 67 како што е погоре посочено.
Области со предзнак ФАО, низ целиот свет се следниве: