Според информации на одредени медиуми еден од колегите на полицајците кој беше искасан од куче истото немало ознака дека е вакцинирано.

Кога колегите го однеле полицаецот  на Инфективната клиника и во неколку други здравствени установи и аптеки им било кажано дека проблем со серумот и антитетанус вакцината има подолго време.

Полицаецот бил искасан вчера попладне во близина а МТВ и хотелот ВИП кога кучето незабележано му пришло зад грб и го нападнало без причина.

Очевидци велат дека бил нападнат само еден од повеќе присутни полицајци во цивил, а нападнало само едно од вкупно петте кучиња скитници кои се движеле во група.