Денес ќе се одлучува дали ќе се намалат платите на вработените во Фондот за здравствено осигурување. Претседателот на Синдикатот гневен, потсети што се работат.
Претседателот на Синдикатот на Фондот на здравствено осигурување, Бранко Аџигогов, најави дека утре во 12 часот по шести пат ќе се долучува што ќе се случува со нивната плата откако Владата на седница одржана на 9 јануари 2024 година, донела Заклучок со која му препорачува на Управниот одбор на ФЗОМ да ги намали платите на вработените и тоа во висина од 21 процент.
Претседателот Аџигогов на својот фејбук профил многу глевно објасни што се тие работат додека се размислува за намалување на нивната плата. Притоа откри и дека не се префрлени пари за задравствено осигурување за пензионерите и за невработените.
-Тоа значи нема рецепти за лекови, упати за прегледи. Поради неплатени придонеси за нив, „од шупље у празно“, вработените прават гимнастика, само да се пуштат плати за јавно здравство, капитација за примарно, буџети за приватно, лекови во аптеки – напиша Аџигогов.
Тој вели дека вработените трпат психичка тортура, затоа што не знаат дали ќе им се намали платата за 21 процент.