Луѓето со крвна група 0 би требало да одбегнуваат кофеин и алкохол. Кофеинот може да биде особено штетен бидејќи го подига нивото на адреналин кој и онака е висок кај луѓето со крвна група 0.
Посебноста си има свои предности, но и мани. Луѓето со 0 крвна група се навистина нешто посебно.
Луѓето со крвната група 0 се посебни бидејќи можат да даваат крв на сите останати групи (во еритроцитите на крвната група 0 нема никаков фактор кој би ја разорил туѓата крв), но можат да примат крв само од својата крвна група.
Но тоа не е се’ што ги прави доста поинакви од другите. Повеќе се склони на некои болести, но имаат и некои многу моќни особини со кои се истакнуваат во популацијата.
Способност за лидерство, проактивност, голема количина на енергија и способност секогаш да останат фокусирани – се некои од најдобрите квалитети на луѓето со крвна група 0. Исто така знаат да бидат многу моќни и продуктивни.
Од друга страна, склони се на некои болести како што се чир, дисфункција на штитната жлезда, ниско ниво на хормоните од штитната жлезда и недостиг на јод.
Тие дисфункции може да предизвикуваат несакани последици како што се прекумерна телесна тежина и задржување на вода.
Во Јапонија крвната група 0 одамна се поврзува со одреден тип на личности.
На интервју за работа Јапонците се интересираат за крвната група на испитаниците. Луѓето со крвна група 0 се опишуваат како одговорни, предани, организирани, фокусирани, совесни и практични луѓе.
Исто така се верува дека се побистри и подобри логичари од другите. Тоа е затоа што нивните предци биле ловци кои посматрале и најпрецизно ја оценувале околината за да преживеат.
Хиперактивни и импулсивни
Кога се под стрес може да се налутат, да станат хиперактивни и импулсивни. Лоша исхрана, недостиг на вежби, нездрави навики и склоност на стрес ги прави подложни на штетни метаболички процеси, како што се отпорност на инсулин, успорена активност на штитната жлезда и дебелина.
Исто така имаат повисоко ниво на желудечна киселина од другите крвни групи па поради тоа често имаат чувствителен желудник, а склони се кон појава на чир на желудник.
Луѓето со крвна група 0 би требало да одбегнуваат кофеин и алкохол. Кофеинот може да биде особено штетен бидејќи го подига нивото на адреналин кој и онака е висок кај луѓето со крвна група 0.
Им се препорачува физичка активност 3 до 4 пати седмично.