Со помош на внесувањето на алкални намирници, го подобруваме здравјето и му помагаме на телото да се избори со бактериските инфекции.
Доколку ви е препорачана алкална исхрана за подобрување на здравјето, веднаш исфрлете од исхраната бело брашно, шеќери, црвено месо, месни преработки, сол, а вклучете повеќе зелен листест зеленчук, авокадо, компир, несолена урда и младо сирење.
Во блендер измешајте ги следните состојки:
– една банана
– 10-12 листа млада блитва
– 1/4 зрело авокадо
– лажичка измелени семки од сончоглед
– лажичка измелен сусам
– лажичка овесни снегулки, претходно отстојани во вода, колку да омекнат
Консумирајте го секое утро, по една чаша, пред појадокот.