Нутриционистката Ли Холмс од Австралија решила да открие кој алкохолен пијалак предизвикува најтешки последици од пијанство.
Иако можеби не очекувате, но одговорот се крие во пијалаците со меурчиња, а диететичарката тврди дека јаглеродниот-диоксид кој се наоѓа во пенливите пијалаци предизвикуваат апсорбција на алкохолот во крвотокот.
Всушност, високото ниво на алкохол во крвта делува на мозокот така што стимулира GABA рецептори па поради тоа како последица се јавува мамурлак, односно мачнини, повраќање и мигрена.
И додека се смета дека жестоките пијалаци се најозлогласени, всушност истражувањето покажало дека една третина од луѓето побрзо се опива кога консумира шампањ или некои други видови пенливи вина во споредба со другите алкохоли.
„Алкохолот се усвојва преку ќелиските мембрани кои се поврзани со системот за варење, а потоа одат директно во крвта низ малите крвни садови“ – објаснила Ли.
Колку е побрза апсорбцијата, количината на алкохол во крвта ќе биде поголема што воедно влијае и на големината на мамурлакот кој вообичаено се појавува следниот ден.
Тоа е така поради тоа што просеко, пенливото вино се апсорбира побрзо од другите пијалаци, тоа исто така влијае на појавата на мамурлакот следниот ден кога кај поголемиот дел од луѓето се појавуваат болки во главата, мачнини, чувствителност на светлина и екстремна сувост во устата.
Но, Холм истакнува дека во интензитетот на пијанството исто така влијае и количината на внесен алкохол во организмот.