Следува период на стабилно време, со појава на умерена облачност. Утре минималните температури на повеќе места ќе бидат негативни, а од петок ќе има пораст на температурите, особено на утринските. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и утре ќе се задржи претежно ведро време со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат под нулата.

В четврток утринската температура ќе биде од минус три до пет степени, по што постепено ќе се зголемува и ќе се движи од два до 10 степени. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степен.

Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Во сабота времето исто така ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.