За Венко, Корона е само пиво, не вирус!? Човекот (Венко) со најдолг стаж на раководни позиции во министерство за здравство (долгогодишен советник на поранешен министер, а сега и самиот тој министер), се обидива да не убеди како ја имал ситуацијата под контрола, при евентуална појава на Корона вирусот во Македонија, реагира доктор Марија Андоновска по денешната изјава на министерот за здравство Венко Филипче дека во врска со корона вирусот се  е под контрола.

-Не знам за која контрола зборува, дали онаа од денес кога властите задоцнија да ги проверат патниците кои пристигнаа од Дубаи и Истанбул, како две дестинации од кои постои веројатност вирусот да се пренесе во Македонија!? Или ја има контролата со една единствена нецелосна превентивна мерка со поставување на термална камера на аеродром, која сеуште не е во функција, а и кога ќе биде нема да е соодветна заштита, бидејќи носителот на вирусот во тој момент можно е и да нема симптоми на болест!?Непознавање или не способност!?

Венко, а реагенси за утврдување на присуство на вирус кај пациент имаш!?, прашува доктор Андоновска.

Таа посочува дека е потребна и друга опрема.

-Заштитна опрема, облека, возила за транспорт за докторите имаш!? Соодветно опремена и оспособена болница, здравствен капацитет, каде би биле згрижени, изолирани и лечени евентуалните заболени имаш!? И да не продолжам со набројување, бидејќи ти основни средства и лекарства не си набавил во болниците, граѓаните се приморани од соседството да ги набавуваат, а не па со Корона вирусот ќе си се справел! За тебе Корона е само асоцијација за пиво, а не за вирус! Бог да ни е на помош, со тебе и таквите!?, заклучува Андоновска.

Во врска  со изјавата реакција имаше и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде сметаат дека министерот за здравство, Венко Филипче само продолжува со лагите.

-Сега на ред се лагите дека се е под контрола кога станува збор за конора вирусот и сето ова го кажува во период кога сме сведоци дека проверката на патниците на скопскиот аеродром доцнела. Министерот Филипче наместо да уверува и да тврди, во суштина само да лаже, да почнее веднаш и без никакви одлагања да ги спроведува насоките од епидемиолозите и Светската здрасвтвена организација. Филипче да одговори дали надлежните имаат насоки за постапување, дали здравствените институции се подготвени да реагираат, се вели во раекцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче денеска на одговор на новинарско прашање за состојбата со корона вирусот рече дека е поставена термо-камера на скопскиот аеродром.

-Кај нас стигнуваат авиони од Истанбул и Дубаи, за утрово имаме информација дека авионот од Истанбул бил откажан, односно пролонгиран за неколку часа. Системот е веќе воспоставен. Во текот на вчерашниот ден направен е распоред на епидемиолози од Центарот за јавно здравје, и тие ќе бидат присутни за време на скенирањето. Вчера, имавме работен состанок со директорот на ТАВ, излегоа во пресрет тие авиони секогаш да бидат насочени на еден или два излези, кои се многу блиску, од практичен аспект камерата да биде поставена на едно место, доколку треба да се користи собата за изолација, изјави Филипче.

Според него однапред и пред скенирањето се знае колку пациенти, потенцијални заразени може да се очекуваат.

-Секој кој нема директен контакт и не доаѓа од Кина ќе си оди преку преку матичниот лекар, а секој којшто доаѓа и има симптоми ќе се обрати на посебниот телефонски број, кој го има на дистрибуираните флаери од Институтот за јавно здравје. Работата е целосно под контрола и во овој момент не гледам ниту една причина за некаков ризик или паника, посочи министерот Филипче.