Во критична состојба пациенти од Охридскиот центар за кардиоваскуларни заболувања се префрлени на Клиниката за кардиологија во Скопје, затоа што во охридската установа речиси еден месец не работи ангиографот.

Овој апарат се користи за третман на пациенти со акутен инфаркт и за стентирање.

Веднаш е дијагностицирано проширување односно аневризма на торакална аорта и како таков пациентот имал потреба од ургентен третман кој за жал во овој момент во делот на дијагностиката не сме можеле да го пружиме заради дефект на апаратот. Пациентот е и благовремено дијагностициран и упатен за Клиниката за кардиологија за понатамошен третман“, вели Никола Бакрачески- кардио хирург.

И други пациенти се препраќаат во Скопје во зависност од итноста. Оние со закажани термини за интервенции се известени дека нивната интервенција се одлага.

Раководството на болницата уверува дека апаратот наскоро ќе биде ставен во функција. Веднаш се известени сите здравствени институции.Веднаш е известено Министерството за здравство и Министерот. Очекуваме до крај на месецот или почеток на декември ангеографот да профункционира.

Во Центарот за срцеви заболувања во Охрид, се вршат околу 1600 интервенции годишно или пет пациенти дневно. Колку само за информација истиот апарат не работи и во Струмичката болница. Како планира власта да го среди ова и пациентите во меѓувреме што да прават? –  јавноста се прашува и нема одговор. Каде е Филипче да даде објаснение што се работи за да се санираат дефектите? До каде е состојбата со средување на овие два проблеми?