Антикорупциската комисија по повеќе од половина година донесе одлука дека има суди на интереси во случајот со Калина Гривчева Старделова која е и директор на Клиниката за гастроентерохепатологија и прв човек на Лекарската комора. Комисијата констатирајќи го судирот на интереси бара Старделова во рок од 15 дена да се откаже од една од функциите. Значи Старделова треба да биде или само претседател на Лекарската комора или само директор.
Судирот на интереси постои бидејќи претседателот на Лекарската комора е одговорен за работата на директорите на јавните здравствени институции. Поточно во случајов Претседателката на Лекарската комора Старделова ја цени работата на диреторката на Гастро Старделова.
За овој случај претставка до Антикорупциска имаше поднесено доктор Идриз Орана.
Претставката доктор Орана ја поднесе кон средината на 2019 година. Тој неколку пати поднесуваше барање да добие информација за претставката од Антикорупциска, но оттаму имаше мол повеќе од половина година.
Кон крајот на минатата година беше побарано од одреден број делагати да Стаделова да ја одложи седницата на Собранието на Комората. Но, Старделова тогаш не реагираше.