Кој со дозвола на власта ги труе граѓаните со токсични материи кои се опасни по здравјето на сите граѓани во Република Македонија? Зошто власта молчи и одобрувала токсични опасни материи за здравјето на граѓаните да влегуваат како мазут и со истите токсични материи да се греат државни институции и сериозни погони?, прашува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Веќе четврта година ваков токсичен увоз дозволува власта, сериозно токсични материи, коишто се увезуваат како мазут, а во маслото има сериозни токсични супстанци, кои ги трујат граѓаните. Сето ова е аминувано од институциите на власта со коишто раководи СДСМ, кои се задолжени за контрола на сулфур и токсични супстанци во увозните масла, очигледно тие не ја вршеле добро својата работа, вели Арсовски и додава:
„Во Европската унија, овие токсични масла коишто влегувале во Република Македонија за загревање наа институции и погони се забранети, само кај нас власта на СДСМ дозволува да се труе сопствениот народ. Затоа уште еднаш прашуваме, кој ќе сноси одговорност за сето ова, дали власта е замешана во овој увоз на токсични масла и најважното зошто до сега се молчело за сето ова?“.