Белгиски научници откриле нов вид на коронавирус

Забележана е нова мутација на коронавирусот. Белгиски научници ја изолирале мутацијата која досега не била забележана. Видот го носи името „Б.1.214“, а е ткриен во јануари годинава и во моментов…

Забележана е нова мутација на коронавирусот. Белгиски научници ја изолирале мутацијата која досега не била забележана. Видот го носи името „Б.1.214“, а е ткриен во јануари годинава и во моментов не е класифициран како „загрижувачки“. Се смета дека видот потекнува од Африка.

Белгија се соочува со зголемен број на заболени, а просечниот број на дневни инфекции оваа недела се зголемил за повеќе од 40 проценти во споредба со претходната недела.

Со новиот вид на коронавирус во моментов се заразени околу 4 проценти од новозаболените во земјата.

Од месец октомври во Белгија е прогласен полициски час, баровите и рестораните се затворени скоро од почетокот на пандемијата, а забрането е секое несуштинско патување во земјата и странство.


Related Articles