Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека Македонија добила понуда за донација на вакцини од Словачка, меѓутоа властите ја одбиле. Причината, како што истакна министерот, е дека во овој момент имаме доволно вакцини и не е фер да прифатиме нови, а да не ги искористиме, па да треба да ги уништуваме кога ќе им истече рокот.

Инаку периодов во земјава и тоа веќе неколку недели се вакцинираат по едвај 2.000 граѓани (со прва доза) и уште толку се ревакцинираат. Причината е недостатокот од вакцини, како што призна и Филипче, а вината за ваквата ситуација е тоа што во светот има голема побарувачка, а ние како мал пазар тешко доаѓаме на ред. Затоа земјава во изминативе неколку недели набави 500 000 вакцини од кинескиот производител „Синовак“ кои според податоците се со помала ефикасност од другите на пазарот, но барем штитат од сериозни последици.