Авторитетниот неврохирург проф. д-р Зафер Оркун Токташ ќе спроведе потполно БЕСПЛАТНИ КОНСУЛТАЦИИ за сите пациенти со тумор на главата и р’бетниот столб на 9. и 10. Јуни 2023 година во Велес.
На наше огромно задоволство повторно ви го најавуваме гостувањето на светски познатиот неврохирург Проф. Др-Зафер Оркун Токташ.
Тој ќе престојува на покана на тимот на Здравствен Информативен Центар – ЗИЦ „Медикал Караџи“ во рамки на нашата иницијативата да им овозможиме на сите пациенти пристап до најиновативните и најсовремените технологии во медицината.
Сите пациенти со хернија на лумбалниот или цервикалниот диск, тумор на р’бетниот столб, тумур на главата (мозокот), сколиоза, малформации на киари и други болести на р’бетот и р’бетниот мозок можат да ја искористат можноста и да имаат бесплатна консултација со еден од најдобрите неврохирурзи на светско ниво за опциите за третманот на нивната болест.
Бесплатните консултации во рамките на нашата иницијатива се насочени кон:
- за пациенти со веќе утврдени болести;
- за пациенти кои имаат потреба од второ мислење;
- за пациентите кои се заинтересирани за лекување во странство, особено во Р.Турција.
Проф. д-р Токташ е еден од најдобрите специјалисти во Р. Турција за третман на тумор на глава и операција на р’бетот. Тој е исклучително баран неврохирург од пациенти од целиот свет.
Сите оние кои сакаат да ја искористат можноста за бесплатна консултација со проф. д-р Зафер Оркун Токташ на 9. и 10. Јуни 2023 година, треба однапред да закажат термин на телефон:
+38971314005
+38943220904
Или да го побараат својот посакуван термин онлајн на: macedonia@medikara.bg
На лице место, пациентите ќе треба да достават медицински документи што се направени до денес.
Ве молиме имајте во предвид дека нема да се вршат физички прегледи за време на консултациите.
Бесплатните консултации се спроведуваат врз основа на медицинските документи кои моментално им се достапни на пациентите.