Првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски е испуштен од Градската општа болница „8-ми Септември“ и вратен во КПУ Затвор-Скопје каде што издржува мерка притвор.
Јовановски беше хоспитализиран минатата недела поради контролни прегледи со упат издаден од доктор во ординацијата во КПВ Шуто Оризари.
Во меѓувреме, Апелацискиот суд денеска треба да одлучи дали тој и натаму ќе остане во притвор. Неговиот адвокат Сашо Дуковски бара да биде пуштен од затвор заради неговата здравствена состојба.
Останатите двајца обвинети за „Рекет“, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец се во домашен притвор.
Судењето за „Рекет“ треба да почне утре во Кривичниот суд во Скопје.