Боровинката е овошје ретко го конзумираме, а е многу здраво и помагаат при многу здравствени проблеми.
Ја подобруваат крвта, помагаат за анемија, за имунитет, за намалување ризик од срцеви заболувања, како и намалување притисок.
Боровинките се еден од најдобрите плодови кои можете да ги имате во својата исхрана. Преполни со антиоксиданси, хранливи материи и влакна. Но, што доколку можете да ги направите боровинките уште поздрави со нивно замрзнување?
Боровинките имаат толку здравствени користи, што речиси е невозможно да се набројат. Меѓутоа, здравствената корист која најмногу погодена со процесот на замрзнување, е концентрацијата на антоцијани во боровинките.
Антоцијаните се природни анти-инфламаторни хемиски соединенија, за кои се верува дека имаат анти-канцерогени својства. По замрзнувањето, количината на антоцијани во боровинките расте.
Подобри моторни фунцкии
Постарите лица имаат повисок ризик од губење на моторните функции со годините. Меѓутоа, доколку консумирате замрзнати боровинки, ќе ги подобрите вашите моторни функции и ќе го намалите ризикот од когнитивни проблеми.
Се препорачува да почнете да јадете замрзнати боровинки во најбрзо можно време, за да го заштитите своето тело и мозок при стареењето. Колку повеќе вложувате во вашето здравје сега, толку повеќе ќе ви се исплати подоцна.
Кога срцето ви е здраво, тогаш не морате да се грижите за долгорочното здравје. Тоа е една од работите кои замрзнатите боровинки ги прават најдобро. Консумирањето на замрзнати боровинки го намалува ризикот од срцеви болести и ги зајакнува артериите на васкуларниот ѕид. Како резултат на тоа, можете да уживате во здрав и стабилен крвен притисок.
Предности кај дигестивниот тракт
Кога имате добро варење, тоа е клучно значење за целокупното здравје. Не само што боровинките се одличен извор на влакна, кои прават вашиот дигестивен систем редовно да работи, туку и антиоксидансите во боровинките го штитат дигестивниот тракт од оштетување.
Поради користа која замрзнатите боровинки ја имаат за варењето, ќе имате помал ризик од рак на дебелото црево.
Намалување на ризикот од деменција
Стареењето доаѓа со сите видови на ризици, вклучувајќи и ризик од Алцхајмерова болест и различни типови на деменција. Можете да го намалите ризикот од невролошки болести со консумирање на замрзнати боровинки. Тоа е поради антоцијаните кои се наоѓаат во боровинките.
Антоцијаните ја подобруваат функцијата на меморирање, што ви овозможува полесно да креирате и да паметите спомени. Покрај тоа, ги поддржуваат невронските врски во мозокот. Колку повеќе невронски врски имате кога ќе остарите, толку повеќе ќе бидете заштитени од когнитивни проблеми.
Го штитат нервниот систем
Редовното консумирање на замрзнати боровинки може да го заштити нервниот систем од оштетување. Ова е од суштинско значење, со оглед на тоа колку нашето тело е изложено на токсини секој ден. Замрзнатите боровинки ќе му помогнат на нервниот систем да остане здрав и силен.