Во периодот од 11 до 17 февруари во државава се регистрирани 2.943 заболени од грип, што е зголемување за 31 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 2.246 заболени, се наведува во извештајот објавен на веб страницата на Институтот за јавно здравје. Најголем број од пријавените заболени се на возраст од 15-64 години.

И покрај коментарите на министерот Филипче кој го даде пред една недела на форумот за примарно здравство, дека заболените од грип со нивните бројки се во рамките на бројките кои се очекувани и се знае дека ќе има заболени од грип, не верува јавноста  и не е уверена дека тоа што го очекувал министерот е бројка од 3000 приближно заболени лица со грип.

Дали во овој случај не станува збор за епидемија и зошто министерот не ја прогласува? Кои се мерките кои се превземаат да се контролира оваа наезда на заболени од грип и покрај тоа што министерот уверува дека е сезонски и очекуван? И зошто ако се заканува уште една епидемија во Македонија министерот Филипче седи мирен како ништо да не се случува, зошто не се побара помош од меѓународната јавност, СЗО, за да може да ги сузбиеме и контролираме овие две епидемии во моментот од морбили и од грип?

До кога министерот ќе негира дека има здравствени проблеми и епидемии во државата за кои и со кои ТОЈ неможе да се справи и конечно да признае дека му е потребна помош? Дали се чека да има уште починати за да се реагира? Каде е Филипче да се објасни?