Во тетовска Брвеница по пет години започна со работа ординација со што ќе има матичен лекар за тамошните жителите. На отворањето присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче.
-Ординацијата има договор за работа со Фондот за здравствено осигурување. Значењето е големо бидејќи после пет години тука ќе има матичен лекар и нема да има потреба за тоа да се оди до Тетово. Со тоа ќе се обезбедат потребите на населението во Брвеница но и Долно Седларце каде живеат речиси 5 илјади луѓе, изјави министерот Венко Филипче, при вчерашната посета на тетовскиот регион.
Во ординацијата ќе работат лекар по општа медицина и две медицински сестри. Ќе има можност за патронажен сервис и имунизација.