Според експертите од здравствената фела за приватизирање на Брзата помош објаснуваат дека тоа еден вид на пумпање на државните пари во раце на некој приватник. Но сепак за граѓаните ова не значи добро за нивна полза бидејќи така нема да добијат побрза и поквалитетна здравствена заштита која според Фондот за здравствено осигурување ги следи. Ова ќе биде тотален колапс за пациентите.
Брзата помош е служба што под претпоставки е очигледно во загуби бидејќи има разни бездомници и случаи на тешка социјала која ги користи услугите но не секогаш може да се обезбедат лични податоци за пациентите за да потполниш пресметка.
Според сето ова експертите од здравствената фела значи дека приватникот нема да има ќар , и нема да пушта возило на брза помош кога ќе се појави случај паднат на улица некој бездомник или социјален случај. Поради ова може да се каже дека сепак брзата помош ќе стане за многу брзо време луксуз за сиромашните.