Бугарските здравствени власти објавија дека оваа година ќе бидат уништени 2,8 милиони дози вакцини против Ковид со поминат рок. Претходно, 2,3 милиони дози вакцини веќе беа уништени во земјата со најниска стапка на вакцинација во ЕУ.
Министерот за здравство Асен Меџидиев рече дека Бугарија има премногу вакцини, слаб опфат со вакцинација и дека нема луѓе кои сакаат да се вакцинираат. Меџидиев, исто така, рече дека Бугарија ја повикала Европската комисија да го раскине договорот со Бионтек/Фајзер, според кој неговата земја е обврзана да купува вакцини против коронавирусот до 2025 година.
Тој додаде дека бугарската позиција ја поддржуваат Полска, Чешка и Литванија. Министерот рече дека е „ирационално“ Бугарија, земја со 6,5 милиони жители, да купува вакцини кои на крајот ќе ги уништи. Официјалните податоци покажуваат дека Бугарија уништила повеќе вакцини против Ковид отколку што примило тамошното население.
Во Бугарија се дадени 4,6 милиони дози, околу два милиони луѓе се целосно вакцинирани со две дози, а речиси еден милион добија „бустер“. Податоците покажуваат дека земјата регистрирала околу 1,3 милиони потврдени случаи на Ковид и 38.21 починати.