Во последните 24 часа, Министерството за здравство регистрираше 101 случај на новозаболени од Ковид-19 од вкупно изработени 974 тестови. Од овој број на заболени, само во Скопје денес се дијагностицирани 59 случаи од кои во Чаир-12, Центар-10, Карпош-2, Бутел-10, Аеродром-5, Гази Баба-5, Петровец-1, Кисела Вода-3, Сарај-3, Ѓорче Петров-1, Шуто Оризари-1, Студеничани-1 и 3 за кои нема адреса, односно дале лажни податоци од заразените.
Директорот на ИЈЗ-Скопје, Арбен Зибери, вели дека Чаир моментално е нјаголемо жариште, но исто така нема општина која не е во ризик. Според категоризацијата на ризикот од СЗО, Институтот за јавно здравје проценува дека Скопје и Тетово се во четврта фаза, односно има широко распространета трансмисија, а Штип е во трета фаза, што значи дека трансмисијата е локализирана.
Инаку, во нашата држава најмладиот заразен е бебе, а најстариот е 94-годишен граѓанин. Според статистиките кои ги води ИЈЗ, најголемиот број од заболените се на возраст од над 60 години.