Дваесет проценти од граѓаните воопшто не почитуваат мерки, а ние останатите сме заложници на таа ситуација. Значи откога почнале дружењата, непочитување на мерките отприлика сега завршува инкубација, а тоа значи само едно, бројката на новозаболени дополнително ќе расте, рече доктор Методи Чепреганов вечерва на телевизија.
Според него други земји се откажале од многу настани, но не и ние.
-Кога можеше Ердоган да ја затвори Турција, кога во Русија не се славеше 9-ти Мај ден на победа над фашизмот, овде се работи за една објективна живото-загрозувачка состојба и затоа мора да се постапува онака како што треба, посочи Чепреганов.
Тој посочи дека секое здружување носи опасност.
-А што се случува кај нас, никој не носи ниту маска, ниту држат дистанца. Но, за човек да се однесува одговорно треба да е созреан. Тука има деструктивно однесување кај дел од луѓето, додаде докторот.