Четвртина милион луѓе досега починале од коронавирусот

Најмалку 250.000 луѓе досега починале од пандемијата на коронавирусот во светот, покажуваат податоци на универзитетот Џонс Хопкинс. Поголемиот дел од новите смртни случаи и зарази пријавени во последниве денови доаѓаат…

Најмалку 250.000 луѓе досега починале од пандемијата на коронавирусот во светот, покажуваат податоци на универзитетот Џонс Хопкинс.

Поголемиот дел од новите смртни случаи и зарази пријавени во последниве денови доаѓаат од Северна Америка и европските земји, но бројот се зголемува и во помали бази во Латинска Америка, Африка и Русија, пренесува „Гардијан“.

На глобално ниво, во изминатите 24 часа регистрирани се 3.062 нови смртни случаи и 61.923 новозаразени, со што вкупниот број достигна 3,58 милиони.

Експертите изразија загриженост дека достапните податоци го намалуваат вистинското влијание на пандемијата, наведува британскиот весник.


Related Articles