Во Градската општа болница „8 септември“ од синоќа па се до утрово до 8 часот, се примени 11 нови пациенти сомнителни на коронавирусот, дознава Фактор.
Во изминатото деноноќие починала 56-годишна пациентка од Струга, но која имала други коморбидитети. Ова за Фактор го потврди директорот на ГОБ 8 Септември, Христијан Костов.
„Овие 11 пациенти се суспектни, на кои им е земен брис и се очекуваат резултатите. Но, бидејќи станува збор за пациенти кои се примени во болница, тоа значи дека сите тие имале симпотоми, односно или пневмонии или високи температури. На овие пациенти веднаш им е дадена терапија“, вели Д-р. Костов за Фактор.
Во моментов во Градската општа болница се лекуваат околу 40-тина пациенти, од кои шест се на респиратор, а уште двајца се на кислородна поддршка.