Најчестото чувство кое се јавува по вакцинирање со која и да било вакцина е чувството на болка. Не ретка е појавата на црвенило или благ оток кој знае да потрае неколку дена и да предизвика чувство на нелагодност. Некои луѓе пак се соочуваат и со болка во екстремитетите или друг тип на болки кои збунуваат.
Според експертите чувството на болка е еден од најчестите нус појави кои се јавуваат по примањето на вакцина. Кога ќе се инјектира вакцината се стимулира нашиот имунолошки одговор. Тогаш телото испраќа бели крвни клетки на тоа место, така што болката која ја чувствуваме е всушност резултат на реакција на организмот кон вакцината.
Кога имунолошкиот одговор и оток ќе се повлечат, болката ќе исчезне за неколку часа до неколку дена. Но доколку настапи влошување на симптомите како треска, температура, грчеви или пак некакви други посериозни симптоми секако треба да се јавиме на лекар или да појдеме до најблиската здравствена установа.