Процесот на вакцинација непречајно се одвива и во дебарската општа болница. Во модуларната болница денеска пристигна пратка со 1000 дози од вакцината на кинеската компанија Синовак и 300 дози од компанијата Фајзер. Според информациите кои се пренесоа во македонските медиуми, Доктор Љуљзим Стрикчани, одговорен во службата за вакцинација, посочил дека и натаму продолжуваат со несмалена динамика со имунизацијата против Ковид-19.

– Позитивно е тоа што и граѓаните се сè посвесни дека единствен начин за заштита од опасниот вирус е вакцинацијата, така да од ден на ден интересот кај граѓаните за имунизација расте, вели доктор Љуљзим Стрикчани.

Во Дебар денеска се регистрирани 2 нови случаи на заболени со Ковид-19, а бројот на активни случаи се искачи на 17 лица. Според информациите кои се пренесуваат по електронските медиуми, многу мал дел од жителите во Дебар носат маски во затворено, а секојдневно се одржуваат свадби и сунети.