Последните наводи покажуваат дека децата од 12 до 15 години се најкритична група која ги заразува блиските со ковид-19, тврди британскиот професор Крис Вити, кој е дел од здравствената власт во Велика Британија.
– Дефинитивно постои значителен пренос на вирусот во оваа возрасна група. Всушност, возрасната група за која зборуваме е онаа што во моментов има највисока стапка на пренос, колку што можеме да кажеме, рече професорот Вити пред пратениците на состанокот за процената дали на децата на возраст од 12 до 15 години треба да им се понудат вакцини против коронавирусот.
Тој порачува на родителите да бидат поодговорни, бидејќи овие деца се дружат и групираат и дури и ако се заразат и немаат симптоми, лесно можат да ја однесат заразата дома и да ги загрозат членовите на семејството.