Децата со аутизам од нивен агол ни го претставија тоа што го доживуваат и ни раскажаа за тоа. Пред јавноста го претставија својот магичен свет. Фотографирањето беше на неколку локации низ Скопје. Родителите кои се постојано се нивна поддршка велат дека ваквите работилници се потребни бидејќи на тој начин се запознаваат со светот на децата со аутизам. Еден од родителите вели дека оваа промена му била прво чудна на неговото дете, но дека се прилагодило
Психологот Владимир Трајковски говори за позитивниот ефект од ваквите работилници. Со ова на овие деца им се помага да се вклучат во општеството и да излезат од својот изолиран свет односно од нивниот микрокосмос.
Координаторката на програмата, рече дека децата испратија важна порака со овие фотографии. Димитрова вели дека преку ваквите работилници се зголемува инспирацијата и душевната состојба кај сите. Таа вели дека децата учествуваат активно во текот на фотографирањето, заедно со нивните родители и инструктори.
Изложбата “Од мој агол“ е дел од проектот “Уметност за сите“, се одржа во Националната галерија каде фотографиите од децата сеуште можат да се видат.