Во дворот на училиштето „11 Октомври“ во општина Центар функционира Центар за деца со церебрална парализа. Станува збор за објект од околу 258 метри квадратни кој на неделно ниво го посетуваат околу 36 дечиња и се вклучуваат во различни активности. По изградбата на основното училиште во Капиштец, Центарот ќе биде префрлен таму, каде ќе бидат префрлени помалите деца, а овој објект треба да им остане на повозрасните.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска истакна дека овој Центар е во надлежност на Меѓуопштински центар за социјална работа и оти претходно бил во постар објект поради што биле правени напори да се адаптира овој во кој сега се наоѓа.

– Новиот објект е сега подобар со поквалитетни услови, кадарот континуирано си работи со нив, околу 36 дечиња на неделно ниво го посетуваат и се вклучуваат во различни активности тука. рече Царовска.

Министерката Царовска никаде не посочи или не проговори за жителите на Тимјаник, неготинското село каде се отвори центар за згрижување на децата со посебни потреби, никаде не посочи дали е изреализирано ветувањето дадено на овие жители на ова македонско село. Дали и кога ќе се започне со изградба на градинка во селото за да нивните дечиња немаат потреба да секој ден по неколку километри бидат носени за да може да се социјализираат со останатите деца и да посетуваат настава во градинка и исто толкав пат да поминуваат со нивните родители да се вратат дома. Ветување кое летово го даде пред жителите на Тимјаник.

Што со ова ветување министерке Царовска? Кога ќе се објасните и ќе дадете отчет пред селаните од село Тимјаник зошто нивните деца неможат во рамките на селото да одат во градинка? Дали со укинувањето на градинките и неградењето на објекти таму каде што има потреба планирате да го намалите бројот на бракови демотивирајќи ги младите да се земаат и да стапуваат во брак, кога знаат дека нема да имаат основни услови за нивните дечиња да може нормално да посетуваат настава во непосредна близина на домовите или во рамките на селото? – прашуваат во револт селаните од ова македонско село кога стапивме во контакт со нив.

Кој е планот и агендата на министерката на МТСП? – прашуваат заинтересираните по социјалните мрежи.