Дури една третина од популацијата страда од киселина и подждригнување позади што најчество се крие гастроезофагеална рефлуксна болест. До таа непријатна појава доаѓа поради пореметување на нивото на спојувањето меѓу хранопроводот и желудникот каде слабоста на вентилниот механизам доведува до враќање на содржината од желудникот во хранопроводот.
Лицата кои повремено ги мачи киселина знаат дека еден од најефикасните „лекови“ од домашната аптека е сода бикарбоната разматена во малку вода. Сепак, иако навистина помага, доколку имате некое хронично заболување поради кое редовно земате терапија, би требало да се консултирате со лекар.
Сода бикарбоната (натриум бикарбонат) е лесно достапна и нејзината примена во најголем број случаи е безбедна.
„Бидејќи е алкална, сода бикарбоната навистина може да ја неутрализира желудечната киселина, но ако земате некои лекови, проверете со својот лекар дали консумацијата на сода бикарбона може неповолно да влијае на дејството на лековите“, вели за Дејли мејл фармацевтот Колин Дугал.
„Доколку тоа е случај, нека докоторот ви препорача средство кое ќе ви ја намали киселината. Ако киселината потрае подолго од две недели, важно е да одите на лекар за да се утврди причината за тоа“, советува Дугал.