Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова е во двонеделна самоизолација откако била во контакт со заболен од коронавирус.
Директорката објави дека нема симптоми на болеста, се чувствува добро, а првиот тест за коронавирусот не бил позитивен.
-По препорака на епидемиолозите јас сум во самоизолација и ќе бидам 14 дена. Имав контакт со позитивно лице, член на потесното мое семејство. Чувствувам должност да ја известам јавноста. Се чувствувам добро, немам никакви симптоми. Цел период на функционирање во корона-криза, апсолутно ги почитував сите протоколи, маска, дезинфекција, како и физичка дистанца. Искрено се заблагодарувам на сите за поддршката и грижата, наведува д-р. Бухова во објавата.