Задолжителниот двонеделен карантин кои важеше за сите лица кои од Македонија и Грција влегуваат во Албанија е укинат. Одлуката попладнево ја донесе техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата.

Министерка за здравство и член на комитетот, Огерта Манастирлиу изјави дека карантинот кој беше воведен на 20 април се укинува, а освен тоа се дозволува и отварање на универзитетите, но само за консултации и сезоната за испити, но со строга примена на протоколите и мерките за заштита.

На сила останува забраната за групирање на повеќе од десет лица, но и полицискиот час од 22 до 06 часот.

Епидемиолошката состојба ја оцени како стабилна, а вакцинацијата, рече таа, услови намалена смртност меѓу заболените.