Институтот за јавно здравје најавува детална анализа за смртноста во нашата земја. Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети во својата денешна изјава за еден од македонските медиуми посочи дека во соработка со други институции, покрената е иницијатива за детална студија за пациентите кои починуваат од коронавирус, односно – кои се вистинските причини и зошто бројот на жртвите останува висок?!
– Анализата треба да ја опфати секоја смртност, секој смртен случај од Ковид, придружните болести во детали и која е суштината од што починал човек, вели Мемети во својата изјава.
На прашање за тоа колку време ќе трае студијата, Мемети вели дека тоа е зависно од податоците и соработката што ќе ја имаат во овој случај.