Директорот на ИЈЗ-Скопје вели нема да се отворат границите, а Заев бара избори

Директорот на Институтот за јавно здравје, Арбен Зибери, вечерва беше гостин во емисија на една од нашите тв куќи каде што посочи дека поради новостаната ситуација со нагло зголемување на…

Директорот на Институтот за јавно здравје, Арбен Зибери, вечерва беше гостин во емисија на една од нашите тв куќи каде што посочи дека поради новостаната ситуација со нагло зголемување на бројката на новозаболени знак прашалник е дали ќе се отворат границите на 15-ти јуни. Ова го изјави Зибери додека Заев бара упорно избори на 5-ти јули.

„Сега за сега пак ќе кажам секоја одлука не може да кажеме дека ќе биде точно на 15-ти. Бидејќи ние еден период имавме мал број на заразени и никој не очекуваше дека денеска по еден месец , јас како пример ќе го спомнам Скопје, 5-ти мај немавме ниту еден заразен, а денеска имаме 59. Тоа значи дека никој од тогашна гледна точка не би прогнозирал дека по еден месец ние ќе имаме толку заболени“, појасни Зибери.


Related Articles