Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи на ковид-19 во Република Македонија и тоа во: Скопје-26, Куманово-1, Прилеп-1, Тетово-10, Велес-1, Битола-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1898, бројката на оздравени пациенти е 1378, на починати е 111, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 409.
Доколку направиме споредба со земјите од регионот, како Хрватска и Словенија бројот на новозаболени во Македонија не само што не се намалува, туку напротив, се зголемува.
Имено, во Хрватска во последното деноноќие регистрирани се два нови случаи на коронавирус, а починала една пацинтка која што била хоспитализирана пред 40-тина дена, а до сега се заразиле вкупно 2.234 лица.
Инаку, до сега во Хрватска направени се 57.021 тестирања, од кои 1.221 во последните часа.
Во Хрватска од Ковид-19 починале вкупно 96 лица .
Од друга страна пак во Словенија во последните 24 часа направени се 909 тестирања, а новозаболени од Ковид-19 нема.
Овие две земји од регионот речиси и да го победија вирусот, а во Македонија во последните денови бројот на новозаразени расте и покрај малиот број на тестирања.
Колку за споредба Словенија во последните 24 часа направила 909 тестирања со 0 позитиви, Хрватска 1.221 со 2 лица позитивни, а во Македонија направени 549 тестирања од кои 40 се позитивни на новиот корона вирус.