Во текот вчерашниот ден на социјалните мрежи се појави слика која ја објаснува посветеноста на министерот Венко Филипче да го направи здравството во Македонија да личи на тоа што ниеден друг министер не успеал да го направи…толку одбивно за секојдневниот човек што никој повеќе да не посака да се лечи во државните клиники, сите да бараат спас во приватниот сектор или барем оние кои можат тоа да си го дозволат. – Се дел од коментарите на јавноста и поупатените во проблемите во здравствотоe
Во текот на квечерината вчера, болничар или болничарка, упатена од една кон друга клиника успеала со својот професионализам со кој е вработена, одговорно и според зададените обврски како и според кодексот на медицинските лица, секогаш здравјето на пациентите да биде во прв план, таа или тој болничар/ка на пат кон една од клиниките во клиничкиот центар УСПЕАЛА да го остави на сред улица пациентот кој лежи беспомошно на кревет и чека, додека болничарот/ката застанува со луѓе во цивилна облека, недефинирано дали се пациенти или доктори и пред трафиката во клиничкиот центар разговара.
При тоа пациентот лежи на кревет на сред улица, бидејќи е Сабота, па нема толку возила и не е тоа нешто страшно, може да почека. Нема кој да ја види, да приговара или од некого да се пази, шефовите не работат за викенд. – коментираа неофицијално дел од персоналот низ клиничкиот со кои разговаравме
Дали се ова дел од бројот на специјалните 3200 вработени во изминатава година со кои гордо се фали и ги споменува министерот за здравство, Венко Филипче. Дали се тоа медицински персонал и доктори кои се вработија по клининките кои се дел во клиничкиот центар дел настрана по здравствените домови, неможе да се дознае, меѓутоа со сите бегања на персонал, со сите ново вработени преку врски и без соодветно образование, не мисли ли министерот Филипче дека треба малку да се обрне внимание на критериумите и кој се се прима? Или поентата на новите вработувања и целта на министерот е да го ослабе државното здравство, јавното здравство и да ги прелее пациентите по приватните клиники? Каде е министерот да објасни? Каков е персоналот кој работи во моментот во клиничкиот центар?
И ако за момент се потсетиме на случајот со Стојан Павлески, самохран татко кој погрешно беше обвинет за нападот на Села на 27-ми Април и поради тоа истиот беше нападнат и претепан, но тоа не беше најстрашното. Најстрашна беше негрижата на медицинскиот персонал на Трауматологија за истиот пациент кој 4 месеци бил оставен на милост и немилост, семејството на болниот му ги преврзувало раните, персоналот на трауматологија не сакал бидејќи долго лежел на клиниката. Персоналот не е таму за да помогне на пациентите туку за да осудува или да работи по директива, како и се разбира персоналот одлучува кој колку ќе лежи не кој колку има потреба и ако некој ја премине границата „не дај боже“ во тој случај персоналот не се грижи за истиот. Тоа се тие човечки моменти, човечност, негрижа и несоодветност за која се збори и се коментира по социјалните мрежи за докторите и медицинскиот персонал во поглед на пациентите. Тоа е армијата на Филипче од 3200 поединци за кои се коментира за нивната неупотребливост и неспособност по социјалните мрежи. – посочуваат изреволтирани граѓани преку социјалните мрежи
Тоа е најверојатно во голема мера одлика на стариот персонал, ама и на новата армија вработени на новиот министер за здравство тоа е тој персонал која нема да бега од клиниките, кој ќе остане тука и тука ќе пружи негрижа и неодговорност кон животите на македонските пациенти. Со власта и доаѓањето на животот тоа се најверојатно единствените одлики со кои може да се идентификува вработениот персонал по клиниките?
Болничари без совест, без чувства и усул е состојбата со каков персонал се располага по клиниките во Македонија, Др Менгеле се грижи за македонското здравство и за македонските пациенти, министерот уште пострашен, прогласува епидемии кои немаат основ да бидат прогласени, таму каде што треба да се прогласи го нема, пациенти губат животи, билансот изгубени над 20-тина човечки животи во неговиот мандат во неколкуте месеци наназад, меѓутоа тоа не е нешто за што треба докторите или министерот да се грижат, тоа не е нивна работа? Каде и кога ќе има одговорност на овие лица за изгубените човечки животи или докторите и министрите во оваа држава не подложат на закон според моменталната власт? – реагираат пациентите во клиничкиот центар
Секако мора да се потенцира дека сепак има исклучоци кои даваат се од себе и се вложуваат максимално за своите пациенти и за нивното здравје ама тоа е мала бројка во споредба со овие првите, несоодветни, неупатени и негрижливи медицински персонал и доктори.