Вкупно 15 нови пациенти се хоспитализирани во ковид центрите во Скопје во последниве 24 часа. На инфективните одделенија во главниот град, пак се лекуваат 169 лица сомнителни и позитивни на Ковид 19.

Во изминатото деноноќие во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 примени пациенти. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби имало 4 приеми, а на Интерните клиники имало само еден прием.

Во ГОБ 8 Септември вкупно се лекуваат 62 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 72 пациенти. На Интерните клиники, пак се лекуваат 35 пациенти. Повеќето од пациентите се наоѓаат на кислородна поддршка.

Од Министерството за здравство информираат дека утрово до 8 часот имало 130 слободни места, а бројот на приеми се намалувал. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка, велат од МЗ.