Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ Македонија се лекуваат вкупно 253 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Во Куманово 43 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19 се наоѓаат на лекување.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти, а во болницата во Велес се лекуваат вкупно 31 лице. Во Битола се хоспитализирани 28 пациенти, а на инфективното одделение во Тетово има 8 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 30 пациенти, во Прилеп 17, во ковид центарот во Гостивар 8, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 17 пациент, во Кочани 7 во Кичево 6, Кавадарци 7, а во Гевгелија 3 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 422 и има околу 470 празни болнички кревети во ковид центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.